Press "Enter" to skip to content

“Анатомија на поезијата“- шестата книга на д-р Александар Саша Трајковски од Битола

Излезе во печат новата книга на д-р Александар Саша Трајковски од Битола на словена “Анатомија на поезијата’’ во издание на “Дата Песнопо“ј од Битола.

Во книгата се застапени поеми кои изобилуваат со совети животни, приказни и размислувања на авторот, вткаени во стиховите, овој пат на еден поедноставен и по “народски” израз на поетот.Промоцијата е планирана за месец август во библиотеката “Гоце Делчев” во Велес. Промотори на книгата ќе биде Клубот на писатели “Коста Солев Рацин” од Велес. Рецензијата на книгата ја пишуваше еден од најплодните и најголеми македонски поети Илија Мерковски од Битола.

Авторот е роден во Битола и е  дипломиран м-р, доктор, поет, преведувач и толкувач, член и дел од МАКЕДОНСКОТО НАУЧНО ДРУШТВО – БИТОЛА, член во Клубот на писателите “КОСТА СОЛЕВ РАЦИН” – Велес и на Здружението на преведувачи и толкувачи на Република Македонија.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »