Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: НЕ обидувајте се да ги реализирате своите соништа преку своето дете…

Крај на учебна година и период кога деветоодделенците завршуваат основно образование и се насочуваат понатаму кое средно училиште ќе го изберат. Матурантите избираат факултет и со тоа и избор на професија. Изборот на професија е едно од најважните одлуки  во животот. Ако изборот се направи непромислено, личноста може да пати цел живот.

Родителите имаат големо влијание врз изборот на кариерата на нивното дете, но влијаат и врз процесот на донесување на одлуките кога станува збор за овој чекор и фаза во животот на детето. Родителите се главните личности кои мораат да му помогнат на детето за да си го пронајде правиот пат. Родителите влијаат на степенот на едукација и тренингот на децата, знаењето кое го имаат за работата, верувањата и ставововите за работењето како и мотивацијата за успех.

Поголемиот дел од овие активности се стекнуваат несвесно- децата и тинејџерите ги “апсорбираат“ ставовите на нивните родители и очекувањата кои тие ги имаат за нив за време на нивниот развој. Најважно правило за родителите е: не се обидувајте да ги реализирате своите соништа преку своето дете…

Тоа се случува несвесно….под покровителство на “Само му посакуваме најдобро“ и им се чини дека на своето дете им сакаат добро. Но, родителите треба да запаметат дека способностите на синот или ќерката можат да се разликуваат од родителските амбиции. Важно е да се следат некои еденоставни правила за да нивнта помош била корисна.

Улога на Родителите

Главна задача на родителите е да ги увиди реално способностите на своето дете, да ги открие природните склоности и да му помогне да пронајде поле на активности во кое најдобро ќе ги реализира тие способности. Професионалната ориентација кај детето најдобро е да започне уште во основно училиште…погледнете ги неговите интереси развивајте ги, давајте им што повеќе информации, направете позитивно опкружување. Пример: “Сакам да игрм на компјутер“ – понудете според вораст и запишете го на едноставна програма за учење компјутери… покажете му дека компјутерот е повеќе од играчка.

Професијата не е само образованието, туку и личните квалитети кои се потребни за одредена струка. Исто така кога разговарате со дететосо детето за идната профсија обрнете внимание и на потражувачка за таа професија. Разговарајте понатаму за можностите и предизвиците, но и тешкотиите кои мора да се вложат во раст на кариерата.  за одреден професии како лекар, психолог, правник… дека потребно е вложување на труд и време во додатно образование за специјализација, доедукациа, вид психотерапија, дали ќе биде подготвен, истраен  да вложи во својот професионален развој.

Неколку мали едноставни совети до родителите:

-Бидете инволвирани во процесот на донесувањето на одлуките, но не контролирајте ги одлуките

-Советувајте, но не одлучувајте

-Дадете своја поддршка, но не доминирајте

Важно

Идната професија не е само гаранција за стабилни финансиска ситуација. Ова е избор на кругот во општеството на личностите во кои ќе мора да се носи секој ден. Секое дете без оглед на физичките, психолошке и морални квалитети, останува индивидуалност. Заради тоа ни во кој случај не треба да им се наметнува идната професија. На крај секое дете има своја идеја за тоа што е СРЕЌА за која  професија треба да ја работи и колку пари треба да се заработи. Детето (син,ќерка) мора да одлучи што сака, што може да направи, што му носи задовослтво.

Родителите и општеството можат да ги развијат талентите на децата, и да ги покажат предностите и недостатоците на одредена  професија. Но, само тинејџерот може да ја избере својата иднина, но  и сите околу него да бидат задоволни со неговиот избор.