Акумулацијата “Стрежево“ со која стопанисува ЈП “Стрежево“ од Битола, ги зафаќа водите од реките Кишавска, Остречка, Граешка, Злокуќанска, Стара Река, Киндерка, река Шемница и река Драгор за потребите на Хидросистемот “Стрежево“ деновиве бележи зголемен доток изминатите денови, а за состојбите директорот Менде Граматковски вели:
-Во акумулацијата “Стрежево“ како директна последица на интензивните врнежи од дожд, но од наша страна сме подготвени за вакви ситуации, предвиден е акумулационен простор за надојдените води, и имаме технички можности за директна регулација на водостојот на акумулацијата, а со цел спречување на штетните дејствија кои можат да се појават како последица од врнежите. Сите реки од сливното подрачје редовно се мониторираат, го следиме дотокот на вода на дневна основа, и можеме да констатираме дека и покрај зголемениот водостој на сите реки состојбата е стабилна, и без никаква опасност за излевање на речните корита.
ЈП “Стрежево“ ќе продолжи постојано да врши редовен мониторинг на квантитетот на водите од припадните води на сливното подрачје, а граѓаните треба да бидат спокојни бидејќи претпријатието е подготвено да се справи со предизвиците поврзани со надојдените води како последица на интензивните пролетни дождови.

ЈП “Стрежево” Битола: успешно се справуваме со надојдените води од Пелистер
More from ВестиMore posts in Вести »
- Ветераните на Пелистер одржаа турнир во Битола во чест на починатиот капитен Јабланот (фотогалерија)Ветераните на Пелистер одржаа турнир во Битола во чест на починатиот капитен Јабланот (фотогалерија)

- СВР Битола: малолетник паднал од мопед – тешко се повредил, сообраќајка кај “Чешмите“, приведување за дрога
- Во Битола одбележан 23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борба
- Владимир Талески се враќа на сцената, сега како автор на текстот „Три сестри во Москва“ во Драмски театар Скопје
- Атина Рувинова освои прво место на HackHarvard во САД – 36 часа без сон за иновација со потенцијал за стартап




