Press "Enter" to skip to content

Започна со работа новата урбана заедница “Благојче Силјановски – Џуџето“

Официјално започна со работа, новата урбана заедница која го носи името на бранителот на татковината „Благојче Силјановски – Џуџето“, кој животот го загуби во конфликотот во 2001 година.

Иницијативата за формирање на новата урбана заедница, произлезе од жителите на урбаната заедница Панде Кајзеро, а истата беше усвоена од Советот на општина Битола, на седницата одржана на 30 мај минатата година.

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој овозможи општинска поддршка за опремување и ставање во функција на објектот, на синоќешното отворање, посака успешна работа, со многу резултати кои ќе придонесат кон заложбата: Битола да биде поубаво место за живеење, кој рече:

-Вашата иницијатива за уредување на овој простор кој ќе го носи името на нашиот херој Благојче Силјановски, веднаш беше прифатена од локалната самоуправа, која направи се за да може да се создадат просторни и административни услови, во кои ќе може да се делува согласно потребите на граѓаните од овој дел на Битола. Со формирањето на новата урбана заедница, која произлегува од урбаната заедница Панде Кајзеро која навистина е пример за посветеност, работа и организираност продолжуваме да работиме уште поуспешно од досега, истовремено исполнувајќи ја нашата должност кон оние кои херојски загинаа за нашата Македонија, сакајќи да ја сочуваат слободата, во која ќе учат и работат новите генерации.

More from ВестиMore posts in Вести »