Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ Битола распишува јавен повик до сите заинтересирани читатели за учество во проектот „Креирај – слемирај“. Во рамки на проектот, учесниците ќе имаат работилници.
Дел од темите кои ќе се обработуваат на слем-поезија се: иселувањето на младите, невработеноста кај младите, влијанието на политичкиот систем, семејството како вредност за младите, љубовта, социјалната исклученост, социјалните медиуми и сл.
Учесниците ќе имаат можност да учат за: значењето и употребата на слем поезија, да го развијат креативниот потенцијал, да работат на својот настап, активно да учествуваат на натпреварот, да учествуваат во Збирка поезија со своја оригинална песна