Press "Enter" to skip to content

MasterClass за куглање на Даниел Мок, селектор на репрезентација до 14 и 18 години на Словачка во Битола (фотогалерија)

Во кугланата на кугкарскиот клуб Пелистер од  Битола се одржа MasterClass  на селекторот на репрезентацијата на Словачка, Даниел Мок, во рамките на дводневната посета на Битола и женскиот кигларски клуб Пелистер Пин.Заедно со него се и репрезентативките на Словачка дд 14 и 18 години, исклучиво талентирани млади кугларки Даниела Мокова и Нада Полиакова, кои се во врвот на европското куглање во нивната возрасна група.Даниела е и светски првак од Естонија 2022 и медалисти од светското првенство во Вараждин, Хрвастка кое се одржа во 2023 година.Синоќа во кугланата во Битола Мок, заедно со двете репрезентативки одржаа MasterClass каде ја презентира работата пред битолските младински категории.Игор Михајловски, тренер на кугларките на Пелистер за оваа посета на словачкиот селектор во Битола рече:-Ретки се приликите еден ваков светски стручњак за млади категории кои се докажал со многу медали да биде во Битола. Соработката ја имаме воспоставени неколку години, но секогаш се јавуваше некоја пречка таа да се официјализира на ваков начин. Словачка е пред нас во секој поглед, а ние работиме во насока да примениме некои принципи и начини на работа во клубот и во репрезентацијата. Имаме поддршка од колегата Мок и се надевам дека соработката ќе ја продолжиме на задоволство на двете страни.Селекторот на Словачката младинска репрезентација не го криеше задоволството од престојот во Битола и работата во кугланата на MasterClass и рече:-Ме радува што сум во Битола и со Михајловски да се најдеме и во битолската куглана, за која на почетокот сакам да кажам дека е одлична и дека на младите кугларки и на сите куглари им нуди одлични услови за работа и напредок. Мухајловски одлично работи, има голем број на млади кугларки, кои од она што го гледам одлично работаат и напредуваат, и со право тој очекува подобри резултати. Се надевам дека она што го прикажавме во кугланата на  ќе помогне во развојот на кугларките. Кога сум во Битола можам да додадам дека поминавме одличен ден на Пелистер, и сум воодушевен од Баба Планина. На MasterClass Мок им посвети внимание на сите млади кугларки, направија анализи за тоа како работат и и подели неколку совети како понатаму да продолжат, а кугалрските се заблагодарија за времето кое и го посвети.

С.Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »