Со потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Меѓународна колонија “Де Ниро“ Битола и алтернативниот фестивал за фотографија “Зрно“ и со изложба на отворено започна 19. по ред Меѓународна колонија „Де Ниро“, која се одржува во Цапари.
На свеченото отворање присутните ги поздрави членот на советот на колонијата Владо Ѓорески кој во оваа прилика истакна:
-Годинашната колонија “Де Ниро“ се отвора денес, кога денот е најголем во годината и со тоа и најсветлиот ден, а уметниците се секогаш во потрага по светлината, видлива и невидлива. 19 години ликовна колонија “Де Ниро“ е вусшност патека на откривање на светлината во нас и надвор од нас. Во подножјето на големата планина која е симбол на висините, природата која е симбол на нашиот дом оваа колонија оствари и ќе остварува значајни траги на диховноста.
Покрај бројните соработни кои колонијата ги има потпишано со други институции од Битола денес на почетокот на оваа 19. колонија се потпиша нов меморандум за соработка. На овој свечен чин, кој се случи во Културен центар „Де Ниро“ во село Цапари, потпишувачи беа Драги Филевски за колонија “Де Ниро“ и Сашо Алушевски од алтернативниот фестивал за фотографија “Зрно“.
-Морам на почетокот на нагласам дека сме почестени што сме тука и се случува збратимувањето со колонија “Де Ниро“ кои се веќе наши пријатели. Пред три години токму Драги беше иницијатор за започнувањето на фестивалот на фотографија, а неговиот импулс беше знак дека треба “Зрно“ да започне, и еве втора година се одржува. За “Зрно“ не би сакал да зборувам многу и ве поканувам да ја погледата изложбата која е поставена во природа. Во знак да потрајно одбележеување на оваа соработка заедно со Драги ќе засадиме во Цапари дрво кое е симбол на долговечност, на уметност и други нешта.
Драги Филевски по потпипувањето рече:
-Многу луѓе многу често не прашуваат што правиме со овие колониите, за шти ги правиме , како се дружиме, за што се дружиме, а морам ним кои прашуваат и оние кои се тука, да ви кажам дека сите ние сме “дворски луди“ на уметноста и уживаме во тоа и го сакаме тоа. А, тоа ќе го правиме се додека уменоста живее во нас и околу нас, а живее преку нас.
Филевски ги претстави и ликовни уметници кои се дел од годинашната колонија, а тоа се: Gulliem Font – Spain, Ana Christina Mendes – Brazil, Anestis Mavrommatis- Greece, Dominika Morariu – Vrcas, Serbia, Maria Luisa Sanchez – Mexico, Ellen Strum- Germany, Maria Coban- Novi Sad, Serbia, Aleksandar Pedovic – Novi Sad, Serbia, Lars Lundqvist – Sweden, Gerlinde Pistner- Germany, Lao Qi-China, Daniela Moraiu – Serbia, Boro Arsovski – Macedonia.
Во рамките на колонијата, која неофицијално започна пред два дена на 20 јуни се одржа и инклузивна уметничка работилница “Ние во музеј и природа во соработка со НУ Завод и Музеј Битола.
Во наредните денови во рамките на колонијата ќе бидат реализирани покрај работните денови, одбележување на денот на уметноста, Barbecue and DJ, целодневна екскурзија во Кавадарци, посета на неколку музеи во градот и на винаријата “Бовин“, изложба на одбрани дела од Меѓународната ликовна колонија “Де Ниро“, промоција и поетско читање на познатиот поет Јовица Ивановски, посета на “Арт Поинт – Гумно“ збратимена колонија во село Слоештица -Демир Хисар.

Свечено отворeна 19. Меѓународна колонија “Де Ниро“-Битола, во Цапари (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: физичка пресетка во битолскиот затвор
- ОЈО Битола: Разоткриена шема на измами со лажни сообраќајки во битолско, извлечени вкупно над 60.000 евра, апел до граѓаните да не наседнуваат
- “Револуцијата на една хероина“ – силни пораки од младите од Битола на ораторски натпревар за 8 Март (фотогалерија)
- Во Битола променливо облачно, температурата до 12 степени
- Деновиве пред 10 години: во Битола одбележани 73. годишнината од страшниот ден на Холокаустот (фото)Деновиве пред 10 години: во Битола одбележани 73. годишнината од страшниот ден на Холокаустот (фото)

More from КултураMore posts in Култура »
- Од психотерапија до книга: „Живата соба“ претставена пред битолската публика
- Битола го слави франкофонското наследство: “Франкофонска пролет“
- “Засекогаш во срцата“: традиционален концерт во чест на Тоше Проески со оркестарот “DIVA“ и солисти во Битола
- Меморандум за поддршка на македонски музички таленти
- Вечер премиера на “Пинокио“ по 30 години во Народен театар Битола (фото)









