Press "Enter" to skip to content

ЈКП “Водовод“ Битола: поради реконструкција на ул. “Драгорска“ ќе има повремените прекини во водоснадбувањето

На веќе започнатиот проект за реконструкција на ул. “Драгорска“, спроведен од Општина Битола, денес 22.06 2023 (четврток), започнаа работните теренски активности на екипите на ЈКП Водовод Битола.

Ќе се изврши реконструкција на водоводна мрежа со должина од 522 метри. Реконструирани се секундарната и терцијална водоводна мрежа на профил 2, со што се врши замена на ПВЦ ф-90мм со ф-110мм и поцинкувани приклучоци со полителински црева. Вкупната вредност на овој проект, вклучувајќи ја водоводната мрежа, канализационата и реконструкцијата на коловозот изнесува 16.140.254 денари.

Ги замолуваме корисниците на вода на разбирање за повремените прекини во вода.

More from ВестиMore posts in Вести »