Press "Enter" to skip to content

Попладнево стартуваа ултра маратонците од Битола, утре останатите од двете други трки (фотогалерија)

Попладнево, точно во 17 часот беше одложен стартот на најдолгата трка на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ на која трчаат најподготвените и најхрабрите, топ улрамаратонци ја започнаа трката долга 115 километри, од платото пред Офицерски дом, на Широк Сокак во Битола.Стартот на трката на 115 километри го означи директорот на трката Ненад Лазиќ, кој обраќајки им се натпреварувачите рече:-Тука пред нас се најхабрите кои поладнево, ноќва и утре изутрина ќе ја истрчаат оваа ултра трката, а стартот е сега, тука од Битола. Тука на стартот имаме светските тркачи, кои како гледате се подготвени за тргнат во непознато кое ќе трае 115 километри нив нашиот Пелистер. На сите натпреварувачи кои ги имаме тука има посакувам среќа, убава трка и сите безбедно, утре, да пристигнат на целта во Нижеполе. Истито им го посакувам и на останатите кои ќе стартуваат утре во 8 и 11 часот, тука на платото кај нашите домаќини, Офицерски дом. На трката од 104 колиметри стартуваа и двајца битолчани, а тоа се Ристо Димитров – Чурино, кој за оваа трка допатува во Битола од Оман каде живее и работи и Тања Велјановска која е во конкуренција на четири ултра маратонки за освојување медал.Двајцата битолчани рекоа пред стартот дека се наоѓаат пред нов голем предизвик, но подготвени се за оваа ултра тешка трка и тие како домаќини имаат предност што добро ја познааат патеката по која ги правеа и долгите подтотовки. А Чурино, во негов, фајтерски стил рече дека нема откажување до крај  и ќе се обиде да стигне до медал.Во машка конкуренција се  натпреваруваат 19 ултра маратонци од Нов Зеланд, Србија, Босна и Херцеговина, Косови, Македонија…Пред официјалниот старт дирекорот Ненад Лазиќ,  претседателот на здружението организатор на  “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ – Зоран Алексовски  и Саша Грбиќ, одговорен за патеките и логистика, уште еднаш им го повторија начинот на маркирање и одбележување на патеката и се она што им е потребно за безбедно завршување на трката. Големо внимание кај битолчани кои беа на стартот кај Офицерски привлекоа сите натпреварувачите, на кои им честитаа за храброста и подготвеноста да се впуштат во оваа авантура.Првите натпреварувачи од најдолгата трка од 115 километри на Нижеполе се очекуваат утре после 10 часот, а сите тркачи, а сите се следени по “џи-пи-ес“ сигнал. А нив организаторот има подготвено се што им е потребно на 13 окрепителни станици низ Пелистер. За сите трки има ограничување на траење на трката, а за најдолгата е 27 часа, секако под одредени услови, а еден од нив е пријавување на окрепителните станици кои го низ Пелистер.

Текст и фото: С. Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »