Press "Enter" to skip to content

Вечерва започнa 9. по ред издание на Битола Шекспир фестивал (фотогалерија)

Вечерва во Битола, на сцената “Благој Стефановски – Баге“ во Народниот театар во Битола започна 9. по ред издание на Битола Шекспир фестивал кој го организира Народниот театар во Битола, со претставата “Магбет“ од Српското народно позориште во Нови Сад.Годинешното издание се организира под мотото “Судбината за играчка ме има“ а на отворањето присуствуваа голем број на битолчани, љубители на театарот. Денешната изведба на “Магбет“ од Вилијан Шекспир, на Српското народно позориште, е во режија и адаптација на Никита Миливојевиќ, кореографија/Музика на Амалија Бенет, сценографија на Никита Миливојевиќ/ Жељко Пишкориќ, а костимите се на Јелена Стокуча.Во претставата играат: Аница Петровиќ, Невена Неранџиќ, Маја Стојановиќ, Јелена Симиќ, Дејан Џоновиќ, Бранислав Јерковиќ, Арпад Месарош, Милован Филиповиќ, Милан Зариќ, Ивана Панчиќ Добродолац/Соња Кеслер, Понго Габор.Утре (24 јуни) во 19 часот ќе се емитува документарниот филм, ретроспектива “Во чест на великанот Шекспир“ од Лилјана Спировска.Скопскиот танцов театар на 25 јуни во 20 часот ќе ја изведе претставата “Леди Магбет“ во режија на Рисима Рисимкин, која се занимава со психолошкиот профил на насловниот лик. Тоа е интимна историја, слики и скици за дилемите на постоењето. Главниот лик е Лејди Магбет, која игра клучна улога во доаѓањето на нејзиниот сопруг на власт. Преку психолошка анализа на нејзиниот лик, прикажана е борбата за моќ и контрола, како и нејзиното лудило, поради неможноста да се справи со направеното.На годинешното издание ќе гостуваат и студентите по актерска игра на Универзитетот Еуропа Прима. Под менторство на професорот Дејан Пројковски тие на 26 јуни ви 20 часот ќе ја одиграат претставата “Шекспир караоке реквием“.На 28 јуни во периодот од 12 до 14 часот ќе се одржи работилницата за деца „Шекспир -Мекспри, изводење по Шекспир“ со драматургот Билјана Крајчевска.Фестивалот ќе се затвори со Концерт на Maria João и „OGRE electric quartet“ од Португалија, а ќе гостуваат Огнен Дранговски, Славчо Јовев и Музичари од Камерен Оркестар на Битола IWConnect. Концертот ќе се одржи на 29 јуни од 20 часот.

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »