Press "Enter" to skip to content

Денес од Битола стартуваа две трки на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ на 23 и 54 километри (фотогалерија)

Денес во Битола, од пред платото на Офицерски дом во Битола, како и беше најавено од страна на организаторот на “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“, беше означен старот н двете денешни трки на 54 и 23 километри. Едната е трка на 54 километри  – “ Битола ултра“и на 23 километри – “Неолица Трајал“ во 8 часот и 11 часот.Стартот на трката на 54 километри го означи директорот на трката Ненад Лазиќ, кој обраќајќи им се натпреварувачите рече:

-Тука пред нас се најхабрите кои поладнево, ноќва и утре изутрина ќе ја истрчаат оваа ултра трката, а стартот е сега, тука од Битола. Тука на стартот имаме светските тркачи, кои како гледате се подготвени за тргнат во непознато кое ќе трае 115 километри нив нашиот Пелистер. На сите натпреварувачи кои ги имаме тука има посакувам среќа, убава трка и сите безбедно, утре, да пристигнат на целта во Нижеполе. Истито им го посакувам и на останатите кои ќе стартуваат утре во 8 и 11 часот, тука на платото кај нашите домаќини, Офицерски дом. Пред официјалниот старт дирекорот Ненад Лазиќ,  претседателот на здружението организатор на  “Pelister Unique Trail Marathon – PUTM“ – Зоран Алексовски на трчачите кои ги имаше околу 200 им рече:-Иако не се натпреварувате во најтешката трка вие сепак сте најбројни кои се осмелија да трчаат на 54 и 23 километри. Ви посакувам успешна трка и безбедно да стигнете до целта во Зимско летниот центар “Ниже Поле“. Имате неколку окрепителни станици и таму земете ги потребните намирници кои ви требаат, и Ве молам следете ја маркацијата, која ќе се донесе до целта.На трката од 54 и 23 колиметри стартуваа и битолчани, кои се пријавени како поединци, и екипи, како екипата на СВР Битола.