Press "Enter" to skip to content

Урош Борзаш, српски репрезентативец, доаѓа во Битола, во Еурофарм Пелистер

РК Еурофарм Пелистер сопшто дека ја отвора вратата за уште едно големо ракометно име, нов член кој ќе го носи дресот на клубот,  српскиот репрезентативец Урош Борзаш кој стави потпис на двегодишен договор.

23-годишниот Борзаш е еден од најперспективните леви бекови на континентот, редовен учесник во европските клупски натпреварувања на ЕХФ и член на селекцијата на Србија која рапидно се качува кон европскиот врв. Урош доаѓа во Битола од Норвешка, каде во последните две сезони го носеше дресот на Елверум и редовно играше во Лигата на шампионите. Минатата сезона постигна 49 гола во четиринаесет натпревари во групниот сегмент на Лигата на шампионите за норвешкиот клуб. Борзаш е висок 198 сантиметри, а тежок 101 килограм.

Новото засилување на Еурофарм Пелистер е роден во Сента, има српско и унгарско државјанство, а негов матичен клуб е големиот Веспрем. Борзаш го носеше дресот и на Татабања, Тулуз во Франција и норвешки Елверум.
More from ВестиMore posts in Вести »