Press "Enter" to skip to content

Капитенот заминува од Битола, порача: нема збогум, останувам навивач на Еурофарм Пелистер

Капитенот на Еурофарм Пелистер од Битола и миленикот на екипата на навивачите, Мирко Радовиќ, денес сооппти дека после 5 години го напушта Еурофарм Пелистер. Разделбата ја соопшти со емотивна порака со која се прости, од како тој вели, од неговиот втор дом Битола, навивачката група Чкембари, но и сите пелистерци ширум светот.

Мирко Радовиќ во обраќањето на социјалните мрежи напиша:

-Драга моја Битола, драги битолчани, “Чкембари“ и сите мои “пелистерци“ на секаде во Македонија, фала ви на преубави и незаборавни 5 години. Фала ви што мојата породица и мене ме прифативте како ваши. Среќен сум што најубавите години од својот живот и својата кариера ги поминав во Битола.За жал, дојде време да се разделиме, но се разделуваме на најдобар можен начин, ја вративме титулата после 18 години таму кај што му е местото, во Битола. Клубот го оставам во сигурни раце, млади домашни сили кои таа работа ќе ја обработат исто како и јас, сигурно и уште подобро од мене. Тие се врвни луѓе и спортисти на кои лежи сегашноста и иднината на македонскиот ракомет.

Големо фала за сите мои соиграчи, што ме трпеа цело ова време, знам дека не беше лесно. Фала и на управата на клубот, на целата фамилија Стерјеви, што пред се ме третираа како член на фамилијата, па потоа како играч сите овие години.

Фала ти Битола, мој драг дом, ова не е збогум, туку само до следно видување, само не повеќе во улога на капитен, туку во улога на навивач.

Ве сака вашиот капитен, напиша капитенот. 
More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »