Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: ноќва за 6 часа 24 санкции за возење под дејство на алкохол на територија

Во текот на изминатата вечер (24/25.06.2023) во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата санкционирани се 24 возачи.

За време на контролата биле санкционирани и 28 други видови прекршоци.

Акциските контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.

More from ВестиMore posts in Вести »