Press "Enter" to skip to content

In memoriam: Трпе Маринов, прв дипломиран професор по математика во Битола

Денес на 88 години, во Битола, по кратко боледување почина Трпе Маринов, прв дипломиран професор по математика во Битола, признат и докажан професор кој предаваше во најголем број на средни училишта во градот, а најповеќе во Гимназијата “Јосип Броз Тито“ во Битола, од каде и се пензионира.

Професор Трше Маринов беше и професор на Техничкиот факултет во Битола, по предметот нацртна геометрија, како и професор по старогрчки јазик во Гимназијата “Јосип Броз Тито“ и по грчки јазик во приватните училишта.

Битолчани ќе го паметат како просветен работник кој им предавал на многу генерации на интелектуалци кои и ден денес со гордост се сеќаваат, како голем интелектуалец кој им дал многу знаење по предметите по кои им предавал, но и како строг и праведен. Автор беше на голем број трудови од областа на математиката, а преку пишувањето на трудови од оваа област сакаше математиката да ја доближе до сите генерации на кои им предаваше, како и на генерациите кои доаѓаат.

И по пензионирањето продолжи да работи, да чита и да твори.

Посмртните останки ќе бидат изложени утре, понеделник, 26 јуни 2023 година, во капелата во црквата “Света Недела“ во Битола , а опелото и погребот ќе се одржат во 12,30 часот во црквата “Св. Недела“.

More from ВестиMore posts in Вести »