Press "Enter" to skip to content

Златко Ицаноски – Пепел од Битола победник во амерички пул билјард во “А“ дивизијата на турнирот во Струмица (фото)

Со 4. од седумте Мастерси во “Б“ и “А“ дивизијата се заклучи првиот дел од сезоната во Националното првенство во Амерички пул билјард. “Б“ лигата беше традиционално во Гран клуб Скопје, на кој учествуваа играчите од Битола. Како одминува првенството така и играчите кои ги загубиле шансите се откажуваат, но сепак бројот е сеуште задоволителен.

-Битолските играчи беа пет на број, а најуспешен беше Горан Василевски – Зац со освоеното трето место што е негов највпечатлив пласман досега. “А“ лигашите беа во Струмица. Радичоски конечно успеа да врзе две победи што дава надеж дека ќе успее да избори опстанок. Доминацијата на нашите играчи се потврди со битолското финале. Во текот на цел турнир најдобро одигра Златко Ицаноски – Пепел кој што издоминира и во финалето со сигурна победа над водечкиот во генералниот пласман, вели Горан Думевски – Панчо.

Сега следува летна пауза некаде до почетокот на август и кога би ремизирале би изгледало вака.

Во “Б“ лигата Битола има 4. место во генералниот пласман кое води во “А лигата“. Се надеваме дека Тони Петровски ќе успее да ја задржи сега веќе постојаната техника и ќе го потврди пласманот, а за очекување е Никола Стојановски и особено младиот Илија Димовски конечно да ја потврди и валоризира својата форма бидејќи неговата игра е убедливо најдобра за гледање и технички нај дотерана во целата држава.Во “А“ лигата имаме двајца водечки во генералниот пласман, а многу веројатно е дека и Илче Трајковски ќе влезе во наградниот фонд кој се акумулира и првите пет ќе го поделат.

Борбата за опстанок ќе биде тешка и таму имаме веќе еден кој сигурно ќе отпадне поради работни обврски, а додека Србиноски, Гулевски и Радичоски ќе мора многу да се потрудат за да се спасат бидејќи оние за кои мислеа дека ќе бидат нивни конкуренти за испаѓање веќе изборија добри пласмани.

Да потсетиме и тоа дека на јуниорскито балканско првенство кое се одржа во Високо, близу Сараево во Босна, Нашиот Илија Димовски го освои петтото место и со освоеното второ место од минатиот турнир високо котира во севкупен пласман.

More from ВестиMore posts in Вести »