Press "Enter" to skip to content

Криминалистичката полиција на СВР Битола пронајде над 60 пушки, над 60 пиштоли и околу 2000 парчиња ловечка и боева муниција

Претрес во Крушево, пронајдена поголема количина на оружје и муниција Криминалистичката полиција на СВР Битола во содејство со полициски службеници од ОВР Крушево вчера (26.06.2023), по претходно добиена судска наредба изврши претрес во дом и простории во Крушево.При претресот пронајдени се над 60 пушки, над 60 пиштоли и околу 2000 парчиња ловечка и боева муниција од различен калибар, како и разни делови за пушки и пиштоли.

За случајот е известен Јавен обвинител.  По целосно расчистување и документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.

More from ВестиMore posts in Вести »