Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: проведени двајца битолчани поради напад врз вработени и обезбедување во казино, пријава за физички напад

На 28.06.2023 полициски службеници од полициската станица од општа надлежност Битола во казино на ул. “Димитар Илиевски Мурато“ во Битола лишиле од слобода две лица на возраст од 22 и 25 години, двајцата од Битола, затоа што агресивно и недолично се однесувале кон вработените и со тврди предмети физички го нападнале обезбедувањето во казиното. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветн поднесок.

На 27.06.2023 во СВР Битола К.М. (39) од Горно Оризари,Битола пријави дека во комплекс „Нов пазар“ во Битола, бил физички нападнат од лице од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

More from ВестиMore posts in Вести »