Денес по десет години откакао беше опожарен планинарскиор дом “Копанки“ на Пелистер, започнаа градежните активности за нргова изградба. Диме Попов, претседател на ПСК Пелистер од Битола за започнување на изградбата на “Копанки“ ни рече:-Иако беше планирано за вчера, денес започнаа градежните работи за изградба на планинарскиот дом “Копанки“. Денес со градежна машина започна внатрешното рушење на оштетените ѕидови од тули, а според изведувачот на работите, градежната компанија “Стентон Градба“ тоа ќе биде завршено за неколку дена. Потоа ќе започне изградбата на планинарскиот дом според проектот. Изградбата на “Копанки“ ќе биде според проектот, а секако ќе има и надзор за тоа како ќе се изведува градбата.

Фото вест: машини на Пелистер, започна изградбата на “Копанки“
More from ВестиMore posts in Вести »
- Матурантите од Горната од Битола на заслужена матурска прослава (фотогалерија)
- Промовиран градскиот водич за 2025 година за Битола
- Камерен Оркестар од Битола приреди симфонија за паметење – и за срцето, и за телото во Скопје (фото)Камерен Оркестар од Битола приреди симфонија за паметење – и за срцето, и за телото во Скопје (фото)
- УЛП 2025 – Битола и Прилеп ја шират КОЛОРС визијата за практична едукација
- СВР Битола: судар на патничко возило и трактор – возачот на тракторот избегал, приведена жена за кражба во продавница,