На 28.06.2023 полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола лишиле од слобода 62 годишник од Битола. Имено, по претходно издадена наредба од Основен суд Битола, полициските службеници извршиле претрес во дом и простории кои ги користи лицето од Битола, при што биле пронајдени и одземени три ќеси со марихуана, дигитална вага, предмети со остатоци од марихуана и други предмети во врска со кривичното дело. Лицето е приведено и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 28.06.2023 во СВР Битола по добиена пријава дека со чкртање е оштетена таблата со натпис поставена на влез на конзулат во Битола, од страна на полициски службеници од полициската станица при СВР Битола преземени се мерки и извршени се оперативни проверки, по што на службен разговор е повикан 68 годишник од Битола. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.