Press "Enter" to skip to content

Со 1.000 единки крап и 5.000 пастрмка порибена акумулацијата “Стрежево“ (фотогалерија)

Денес министерот, Љупчо Николовски, заедно со директорот на ЈП “Стрежево“  Битола, Методија Граматковски, учествуваа во порибувањето на водите на акумулацијата “Стрежево“ со 1.000 единки подмладок од крап и 5.000 единки подмладок од пастрмка, како дел од активностите за зачувување и заштита на животната средина, спречување на еколошки проблеми и зачувување на биодиверзитетот, кои ги спроведува ова претријатие од Битола.Порибувањето се изврши на браната “Стрежево” (крајбрежниот појас во близина
на командната зграда и шахтниот преливник на акумулацијата “Стрежево”).ЈП “Стрежево“ порибувањето се реализираше со сопствени финансиски средства со подмладок од крап со единечна маса од 50-800 грама и пастрмка со единечна маса од 10-70 грама. Подмладокот потекнува од регистрираниот репроцентар “Акватика“ од Неготино.-Јавното претпријатие “Стрежево“ со сопствени средства обезбеди подмладок од вкупно 6.000 единки  кои денеска ги пуштивме во водите на “Стрежево“. Ние како концесионер, постојано се грижиме за одржување на рибниот фонд во акумулацијата “Стрежево“. Со тоа овозможуваме одржување и зголемување на популацијата на риби, а воедно тоа значи и зачувување и заштита на автохтони (домородни) и загрозени видови на риби, како и грижа за нивната видова разновидност, старосна структура и бројност, изјави директорот Граматковски.-“Стрежево“ плански управува со рибите во акумулацијата, овозможува трајно користење на рибите преку одржлив развој на рекреативниот и спортски риболов, како и развојот
на аквакултурата, додаде Граматковски, кој му се заблагодаруваме на министерот Николовски кој одвои време да присуствува на овој чин.Министерот Љупчо Николовски кој беше соодушевен од природниот амбиент во кој се наоѓа Стрежевското езеро рече:-Посебни ми е мило што сум тука во овој преубав дел каде се наоѓа Стрежевското езеро, но поради тоа што концесионерот, во овој случај јавното претпријатие “Стрежево“ од Битола ги исполнива обврските кои го има во договорот. Денешното шорибување до 6.000 единки, 1.000 единки подмладок на крап и 5.000 единки подмладок пастрмка се само потврда на тоа.ЈП “Стрежево“ на овој начин продолжува со збогатување и подобрување на условите за риболов за сите рекреативни риболовци преку порибување на акумулацијата “Стрежево“ со циприниди и благородни видови на риби.Во рамките на денешната посета на “Стрежево“, министерот Николовски беше информиран од директорот на претпријатието Методија Граматковски за развојот на рибарството и аквакултурата, а секако неизбежни и клучни теми беа преземените мерки за престојната сезона за наводнување, користењето и одржувањето на хидросистемот “Стрежево“, како и улогата на претпријатието како значаен чинител врз развојот на квалитетно и квантитетно земјоделско производство.

More from ВестиMore posts in Вести »