Press "Enter" to skip to content

Ново признание за УКЛО, ќе биде домаќин на меѓународна научна конференција

Универзитетот “Св. Климент Охридски” – Битола ќе биде организатор и домаќин на меѓународна научна конференција “Полското искуство во борбата со дезинформациите – инспирации за Западен Балкан”, што ќе се одржи во Битола, во ноември 2023 година.

Проректорот за наука на УКЛО, проф. д-р Горан Илиќ е назначен за координатор на активностите од македонска страна, додека проектни менаџери од полска страна се: д-р Адријана Снијадовска, д-р Артур Адамчик, д-р Камил Зајачковски и Павел Ставарц.

Меѓународната конференција ќе се одржи благодарение на грант од програмата “Јавна дипломатија 2023” на полското Министерство за надворешни работи чиј добитник е Центарот за Европа при Универзитетот во Варшава, воедно, долгогодишен партнер на УКЛО.

Инаку, стратешки партнери во проектните активности на Конференцијата се Универзитетот “Св. Кирил и Методиј” – Скопје, Институтот за истражување и европски студии – Битола, Атлантскиот совет на Црна Гораи Универзитетот Долна Горица од Подгорица (Црна Гора). Главен партнер од Полска е Центарот за меѓународни односи (Centrum Stosunków Międzynarodowych).

https://uklo.edu.mk/

More from ВестиMore posts in Вести »