Press "Enter" to skip to content

Нова 4. по ред летна “Ретро журка Орфеј“ во “Расчекор“ (фото)

-Годинава на 29 јули во ноќниот клуб “Расчекор“ во Битола ќе се одржи 4. по ред “Ретро журка Орфеј“, а во старите времиња битолчани ќе ги “вратат“ преку музиката ди-џеите Николче Терзиевски, Иле Коса и Кекело. 

-Се надеваме дека со оваа журка ќе ги потсетиме многу генерациии на нивната младост и каде и како се забавувале… Секако голем дел од нив ќе се сретнат по повеќе години, ќе се соберат истите “друштва“, ќе се присетат на дружењето, мајтапите. Можеби некој и ќе ја сретне својата симпатија од младоста. Една журка која сите ќе не врати во време на младоста. Се надеваме настанот да прерасни во традиција, рекоа организаторите. (ЈУНИ 26, 2019)

Вака пишуваваме најавувајќи ја првата “Ретро журка Орфеј“. Оваа година 4. по ред ретро журка и организаторите може да се гордеат бидејќи веќе може да се каже прераснува во традиција. Ова се постигнува со ентузијазмот на сите кои се вклучени во органзацијата  и оваа година со интересно мото “Овде нема стари и млади, нема наши-ваши, журка е, се игра и дружење се слави!“ Се разбира секоја година со различно мото, пожелен ретро дрес код, но не е обавезен, главно сите да понесат позитивна енергија велат органзизаторите.

-Ноќниот клуб “Расчекор“ од Битола и овој пат ги отвора вратите за “Ретро журка Орфеј“, а со зимската која ја имавме кон крајот на минатата година ова ќе биде трета по ред од ваков тип. Ние како ночен клуб ја поддржавме и ќе продолжиме, пред се поради убавите зборови кои ги кажуваат оние кои биле присутни, кои по којзнае кој пат ни потврдија дек одлично се забавуваат. Ветуваме дека и со оваа “постава“ на ди-џеи, Ноколче Терзивски кој е од времето на “Орфеј“ заедно со Иле Косата и Кекело ќе имаме уште една прекрасно помината вечер, вели Марио Трифуновски од “Расчекор“.-Како еден од организаторите на “Ретро журка Орфеј“ чест и задоволство ми е да најавам дека се е подготвено. Се е подготвено за 29 јули. Летна журка на задоволство за сите нас кои се дружевме  во тинејџерските денови да се потсетиме и видиме истите. Секако ќе има и млада популација кои се љубители на ретро музиката од  70, 80, 90-тите… Истата ќе оди под мотото “Овде нема стари и млади, нема наши-ваши, журка е, се игра и дружење се слави!“, рече еден од организаторите Драги Лажиовски – Брус Ли.

-Едноставно, сите одиме да се забавуваме и да поиграме, а богами некои можеби повторно ќе ги видат старите симпатии и љубови. Овој пат концептот, како рекоа и претходни Брус Ли и Марио, повторно со тројца ди-џеи, Николче Терзиевски, Иле Косата и јас. Морам да кажам дека ги испочитувавме барањата врз основа на реакциите на сите кои се забавуваа и ќе се забавуваат чевртата по ред ретро журка, а веќе ние тројцата се договоривме како и по кој редослед ќе се одвива забавата, вели Златко Самарџиев – Кекел.“Новиот“ ди-џеј за оваа забава Иле Косата за оваа “Ретро журка Орфеј“ додаде:

-Мене лично ми претставува чест, прво да бидам заедно со битолчани на оваа “Ретро журка Орфеј“, а посебно се израдував на поканата да бидам дел од тројцата ди-џеи, Терзиевски кој е дел од тој култен диско клуб “Орфеј“ и Кекело кој е дел од организацијата, со кои ќе ги расположиме битолчани преку убавата музика која ќе им ја “пуштаме“. Ние се договоривме начелно со тоа како да се музички да се  “движи“ таа вечер, а го задржуваме правото да менуваме, да импровизираме и да имаме незаборавме вечер, а оние кои ќе бидат во “Расчекор“ да не се сеќаваат само на времето на “Орфеј“ туку и на оваа вечер која ни претстои.

-“Расчекор“ќе биде отворен и за младата популација, истите ќе уживаат во прекрасните хитови од нашето време. Настанот полека преминува во културна траддиција на градот и тоа ни е голема чест, додаваат организаторите

Денес започнува продажбата на влезниците, а цената на влезниците е симболични 150 денари.

Жанета Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from ЗабаваMore posts in Забава »