Press "Enter" to skip to content

Објавен зборникот “Хрватски современи поетски профили“

Во  издание на Здружението за наука и култура “Нова“ од Битола, деновиве е објавен зборникот “Хрватски современи поетски профили“. 

Приредувачи на оваа книга се м-р Мирјана Стојановска и Весна Мундишевска –Велјановска, а препевот е на Татјана Ѓорговски.Во Зборникот се застапени десет автори: Ѓуро Видмаровиќ, Дражен Катунариќ,Тин Лемац, Дарија Жилиќ, Ружица Циндори, Мирослав Кирин, Валерио Орлиќ, Диана Буразер, Анѓелка Корчуланиќ и Јулијана Тешија. Секој автор е застапен со седум песни и кратка биографија.

Станува збор за поезија која го рефлектира индивидуалниот сензибилитет на животот во себе и околу себе, со интересна дескрипција на детални структури, емоции, перцепции. Кај некои поети како автори на медитеранската поезија преовладуваат мотивите на љубовта и морето со издржан современ поетски израз.

Издавањето на оваа книга е поддржано од Министерството за култура.  

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »