Press "Enter" to skip to content

Ординација “Д-р Чипуровски“: лимфаденопатија-зголемени лимфни јазли

Со д-р Васил Чипуровски информираме  за најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање.  Овој пат д-р Васил Чипуровски зборува за лимфаденопатија-зголемени лимфни јазли, за што вели:

-Лимфните јазли се жлездести овални формации опкружени со мрежа од  сврзно ткиво значаен дел од лимфниот дренажен систем покрај лимфните садови лимфатични  органи како слезинка, тимус кои учествуваат во продукција и дренажа на лимфата и во имунитетот на организмот пред се продукција на лимфоцити, леукоцити, фагоцитоза на микроорганизми.       Зголемувањето на лимфните јазли -лимфаденопатија можи да е во склоп на малигни заболувања на крвта (хочкин и не хочкинови лимфоми) метастазирање од примарни карциноми кога ехографски има хипоехогени, кружни по форма со отсуство на хилум лимфни јазли и периферна васкуларизираност, но и во склоп на различни инфекции (синузитис, маститис, тонзилитис, отитис медиа итн.) како инфламаторни реактивни лимфни јазли со елипсовидна или овална форма со АП дијаметар над 7 мм и присутен централен хиперехогени хилум со централна васкуларизираност на колор доплер, лимфаденопатија има  и при различни системски автоимуни заболувања како реуматоидниот артритис, системски лупус еритематозус.                                                  

Во поставување на дијагнозата од големо значење е клиничката презентација, постоење на болка спонтана и  при палпација, зголемена температура, црвенило, загуба на телесна тежина, ноќни потења, малаксаност како и лабораториските параметри (ККС,CRP,Se).

Лекувањето е во зависност од етиологијата на настанување на лимфаденопатијата (медикаментозно, хирушко, онколошко).