Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: лишени две лица од слобода, истите со остар предмет упатувале закани

На 30.06.2023 полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола на ул. “Леринска“ во Битола го лишиле од слобода  43 годишник од Битола, а од ул. “Генерал Васко Карангелевски“ криминалистичката полиција при СВР Битола лишила од слобода 38 годишно лице од Битола.

Имено, на 30 јуни во СВР Битола З.С. (56)од Битола пријавил дека пред Домот на културата во Битола, двете приведени лица со употреба на остар предмет  му упатиле сериозни закани по живот него и на неговата фамилија.

По документирање на настанот против истите ќе следува соодветна пријава.

More from ВестиMore posts in Вести »