Press "Enter" to skip to content

“LENI – Hair&make up studio“ ја продолжува семејната традиција на фризерески услуги со нови идеи во нов амбиент (фотогалерија)

“LENI – Hair&make up studio“ со нови идеи и креативност на фризура и шминка ја продолжува семејната традиција на повеќе од 40 години на фризерскиот салон “Снежана“ препознатлив по тоа што е еден меѓу првите фризерски салони во Битола. Повеќе од 40 години, на фризерај со клиенти од различна возраст од 4-84 години. Многу фризери кои се познати во Битола започнале тука.

-Токму таму започнав да се занимавам посериозно со мојата сегашна професија како hair and makeup artist. Таму се запознав со мојот  сопруг, Никола, кој исто така е фризер и работи во оваа професија, продолжувајќи  го семеен бизнис на својата мајка и продолжувајќи ја традицијата на салонот “Снежена“. Може да се каже дека “LENI – Hair&make up studio“ е еден вид подружница на фризерски салон во нов амбиент и место, ни кажа сопстевничката Лени во разговор по повод отварањето на новиот салон.Идеја да се отвори “LENI – Hair&make up studio“ 

-Откако веќе одлучив дека ова е мојата прва љубов во однос на професијата започнав свој бизнис и сега веке после 14 години работно искуство  со посветеност, работа, надоградување  започнувам со работа во овај прекрасен салон во срцето на градот. Поточно се наоѓа кај Шехеразада до слаткарница “Карамела“.Потоа продолжи за себе:

-Љубовта кон шминкањето и стилизирањето на коса ми се јави уште во младите години исто како и кај повеќето мали девојчиња , но  без некоја посебна посветеност и заложби  кон истото си продолжив со образованието и некако остана само хоби на кое секогаш со радост се навраќав. За да се развие уште повеќе во тинејџерските години кога веке почнав  посветено и љубопитно да експериментирам во областа на шминката и фризурите во правците кои постоеа тогаш меѓутоа секогаш  следејќи ги светските новости и трендови  инкорпорирав се нешто поинаку и нешто ново во испробувајќи ексцентрицни  бои  фризури и правци кои тогаш беа можеби ексцентрични а сега веќе се препознатлив мој стил. Подоцна  студиите ги продолжив на Медицинскиот факултет во Пловдив отсек протетика  и за време на моето студиранње чисто од забава започнав со безплатно стрижење и  стилизирање на фризури кај моите колеги и цимери (студентска работа, кој поминал ќе разбере). Тоа беше еден многу убав и забавен период од мојот живот, незнаејки дека тоа хоби ке стане мојата вистинска професија…. По завршувањето на студиите на Медицинскиот факултет во Пловдив се вратив дома во Битола и се запознав со мојот  сопруг кој исто така е фризер и работи во оваа професија. Тој на еден начин ја продолжува традицијата на салонот „Снежана“ препознатлив како еден од првите салони. Токму таму започнав да се занимавам посериозно со мојата сегашна професија како hair and makeup artist. Што ќе им порачате на вашите клиенти и новите кои ќе дојдат тука во “LENI – Hair&make up studio“? 

-Најголем успех во мојата професија се насмеаните и задоволните лица на моите клиенти,а среката е уште поголема кога нивните најубави животни моменти започнуваат во моето студио. Одговорност, корекност, професионализам, навременост и доверливост се постулатите по кои се водам во моето професионално функционирање и што  ги нудам на моите клиенти… Задоволни клиенти и позитивна енергија и постојана професионална надградба се секојдневниот драјв на секој професионалец кој што си ја сака работата што ја работи. Така и јас не одстапувам од таа теза и со целосна посветеност и професионалност стојам на располагање на желбите на моите клиенти.