Press "Enter" to skip to content

Александар Јаневски нов претседател на “Македон“ за наредните четири години

На генералното изборно собрание на сојузот “Македон“ кое се одржа викендов Александар Јаневски од Битола е избран за претседател на најголемиот и единствен Сојуз на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија, со мандат од четири години.

-Ми претставува особена чест и задоволство но воедно и голема одговорност што повторно ја имам честа за периодот од 1 јули 2023 до 1 јули 2027 година да бидам на чело на Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија “Македон“, изјави Јаневски после изборот, кој изрази голема благодарност до 19-те Здруженија и делегатите членки на Сојузот кои што му ја дадоа довербата и повторно повика на семакедонско обединување.