Press "Enter" to skip to content

“Незаборав“ ги потсети битолчани на забавните мелодии со фолк мотиви од “Интерфест“ (фотогалерија)

Вечерва, во Битола, во голема сала на Центарот за култура Битола во организација на Панде Димитровски се одржа 13. издание на манифестацијата “Незаборав“, пред бројна публика на кое беа изведени забавни мелодии со фолк мотиви кои беа изведени на “Интерфест“ од 1992 до 1996 година, изведени од битолски пејачи. На овој фестивал од 45 автори 25 биле од Битола, а нивните песни се останати во меморијата на битолчани, а песните  ги изведоа познати естрадни уметници.Концертот, во музичка придружба на групата “Гром“  и маестро Кирил Стојчевски на клавијатури и хармоника го отвори, како и секоја година, со рецитали Силвана Петровска – Насух.На сцената прв изведувач се појави, од публиката, со камера во рака, Виктор Апостоловски кој и официјално го отвори 13 . издание на годинашниот “Незаборав“ со песната “Матурска вечера“, а по него следуваше младата битолчанка Дона Петрова. И оваа година на “Назаборав“ пееше и Билјана Дамјановска – Јанчевска, а битолчани уживаа и во изведбата на Раде Стаматов.

-За жал, рече Петровска – Насух, голем број од аврорите не се помеѓу нас, горе на небото се Мирко Лозановски, Томе Новачевски, Пеце Митревски – Митрата, Благој Петровски – Штука, Миле Шерденковски, Драган Каранфиловски – Бојс, Ѓоко Ѓоргиев. А ние се уште се радуваме на новите песни кои денес ги создаваат авторите, а создавале музика за “Интерфест“, Кире Костов, Петар Ѓеоргиев – Калица, Славе Димитров, Раде Стаматов, Маријан Неќак, Валентин Соклевски, Миодраг Нечак, Емилија Сарафска, Петар Горко. Вечно ќе се паметат изведбите на Билјана Дамјановска, Виолета Томовска, Каролина Гочева, Маргарите Христова, Сефедин Бајрамов, Олгица Христовска… групите “Боеми“, “Буба Мара“… и оние кои не со нас.Химна на оваа вечер на “Незаборав“ беше песната за спомените за потсетување на фестивалот “Интерфест“, а беше изведена од сестрите Билјана и Виолета Трајковски, од авторот Мирко Лозановски, а според текст на Валентон Соклевски, а во 1993 ја изведе Маргарита Христовска, а потоа за спомените на “Битлси“ пееше Бојан Стојков, а ја има напишано Калица, а во 1992 година години ја пееше Петар Христов. Стојков ја испеа и песната на Гоце Николовски “Простено ти е“.  Следуваа две изведби на групата “Боеми“, а вечерашното издание на “Незабрав“ заврши со песната “Има една судбина“ (“Плачат за нас планините“) во изведба на таткото и ќерката Игор и Ангела Илиевски од Битола, што беше и изенадување за публиката. Пред да ја испеат оваа убава песна претходеше рецитал на Силвана Петровска – Насух не темата од песната, кој не остави никој рамнодушен, а солзите не беа само на нејзините очи туку и на дел од публиката.

Жанета Ристевска   Фото: С. Ристевски

More from КултураMore posts in Култура »