Press "Enter" to skip to content

Започна Универзитетската летна пракса за студентите на УКЛО Битола

Четиринаесет студенти од Универзитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола  се меѓу првите практиканти, учесници во проектот Универзитетска летна пракса, проект што УКЛО го реализира во соработка со Општина Битола.

Делотворниот почеток за вклучување на студентите во општинските текови надвор од Универзитетот се очекува да овозможи надградување на нивните веќе стекнати знаења и вештини и  практична обука во административниот и деловниот свет, што ќе им го олесни процесот на учење и работа.

Во платената практичната работа во јули, осум студенти се распределени во Општина Битола, двајца во ЈП “Паркинзи“ и по еден студент во ЈП за урбанистичко проектирање и инженеринг, Зоолошката градина, “Сју Рајдер“ и ИЗ “Жабени“.Универзитетската летна пракса опфаќа 36 студенти кои во месеците на летната ферија: јули, август и септември ќе ги збогатат своите практични вештини за што од општина Битола ќе добиваат месечен надомест од десет илјади денари, благодарение на проектот  Универзитетска летна пракса.

Успешно започнатата платена летна пракса се очекува дополнително да се прошири и со други општини кон кои гравитира УКЛО.  

Инаку, Универзитетската летна пракса се остварува преку Центарот за кариера, алумни и доживотно учење на УКЛО, а Општина Битола за оваа намена од Програмата за спорт и млади издвои 500 илјади денари. 

За УКЛО, реализацијата на проектот Универзитетската летна пракса е еден од начините за развивање на основните дејности на Универзитетот во надворешниот контекст со работно вклучување на студентите.

https://uklo.edu.mk/

More from ВестиMore posts in Вести »