Press "Enter" to skip to content

Акциска контрола на СВР Битола во рамки на “Безбедно лето 2023“ приведени две лица поради дрога, во угостителски објект затекнати малолетници по полноќ, санкционирани комарџии

На 07.07.2023 од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола  спроведена е акциска контрола на повеќе локации на подрачјето на Битола во рамки на “Безбедно лето 2023“.

Во текот на контролата во парк лоциран во близина на Саат Кулата во Битола, беа затекнати четири лица на возраст од 38, 63, 60 и 66 години сите од Битола како играат комар, при што кај нив биле пронајдени пари и други предмети. По документирање на настанот против нив ќе  биде поднесена соодветна пријава.

На ул. “8“ во Битола, пак, од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција лишени од слобода две лица на возраст од 21 и 23 години двајцата од Битола, бидејќи кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 08.07.2023 во времето од 00:00 до 01:00 часот од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција  од СВР Битола извршена е контрола на угостителски објект лоциран на ул. “Фуштани“ во Битола, при што се затекнати 7 малолетници. Тие со потврда се предадени на родителите. 

Ноќва во периодот од 00.00 до 03.30 часот извршена е контрола во 5 угостителски објекти во Битола, при што во два објекти се констатирани  прекршоци кои ќе бидат соодветно санкционирани.

More from ВестиMore posts in Вести »