Press "Enter" to skip to content

Ацо Пејовиќ повторно го преполни ракометното игралиште (мега фотогалерија)

“Да си ту бар ночи ове…“, “Све ти дугујем“, “Сети ме се једног дана“, “Нема те нема“, “Опуштено“, “Неверна“, “Јелена“, “Литар крви“, “Спаваш ли“, “Нисам пао“, незаборавните хитови на Тома Зрдравковиќ “Поноч је“, “За Лилјану“ и песни од други, заедно со публиката ги пееше синоќа на својот концерт Ацо Пејовиќ и повторно, како и минатото лето, незаборавна атмосфера.  Балканската поп – фолк звезда Ацо Пејовиќ ова лето повторно настапи пред пубиката во Битола пред повеќе илјадна публика. Миленикот на женската публика, низ целиот концерт спонатно се обраќаше кон своите фанови, кои го испочитуваа и пееја во еден глас со него.Концертот во организација на “Balkan media“,  професионален со врвни музичари, звук, светло. Ацо Пејовиќ е српски поп-фолк пејач со успешна кариера повеќе од 20 години. Својот  прв албум го издал за Best Records 2000 година. Од тогаш се редат  хитовите: „Превара“, „Опуштено“, „У мојим венама“…миленик на женскиот дел публика. Со хитовите од филмот „Тома“ „Поноч је“ и „За Лилјану“  неговата популарност во подем  и стана миленик и на новите генерации.

Пејовиќ веќе подолго време е еден од најбараните поп фолк пејачи на Балканот, а на концертот во Битола ги пееше сите свои големи хитови, но отпеа и други песн кои одлично звучеа во негова интерпретација.Неговите хитови ги пееја и снимаа од најмали, тинејџери, млади, средна и повозрасна генерација… со што атмосфера која ретко може да се види на концерт.На почетокот пред настапот на Ацо Пејовиќ  атмосферата ја загреа мкедонската поп пејачка Ивона Јо.Фотографиите од нашиот фотообјектив можат само да ја доловат, но зборуваат повеќе од горенапишаниот текст.

Жанета Ристевска

Фото: Дамијана Ристевска и Сашо Ристевски