Press "Enter" to skip to content

Ева Милевска, скијачка на Пелистер од Битола: преминот во Меѓународната скијачка федерација FIS  е голем чекор за мене (фотогалерија)

Ева Милевска представничка на Македонија во алпско скијање. На ски од шест години во скијачкиот клуб  Пелистер од Битола. Скијањето нејзина прва љубов. Во девет години освоени многу освоени медали, награди..

Со медал за една од победите

За себе рече:

-Пловам по водите на овој спорт веќе девет години и продолжувам да ги бројам понатаму. Можеби овај спорт ме вовлече поради тоа што од мала бев зависна на адреналин, сакав да спортувам само што проодев, но насмевката која се појави на моето лице по мојата прва трка беше доволна за мојата одлука.Љубовта кон спортот

-Љубовта кон скијањето беше мојата ,,љубов на прв поглед”. Кога прв пат на македонското првенство во Попова Шапка ги видов постарите скијачи како „јурат“ по патеката, со целиот процес на подготовка пред трката и задоволството по истата, ми запали некој жар во срцето и бев убедена дека тоа е тоа што треба да го правам. На истата трка бев трето место и најмлад учесник. Бев опседната за време на викендите кога ќе имаше светски куп на телевизија, па така сите роденденски, новогодишни желби, секоја ,,падната ѕвезда” посакував да го најдам мојот пат. Среќата ми се насмеа и по една година се запишав во алпски скијачки клуб, со тоа ја нацртнав стартната линија на мојата кариера.

Со Ивица Костелиќ

Што те мотивира, која е твојата најголема мотивација?

-Според мене мотивацијата е привремена цел која не ги носи спортистите далеку, па и мене. Она што навистина те влече до успех е дисциплината. Секој спортист се соочува со кризи поради неправилна, а некогаш и нереална цел. Така што доведува до разочараност. Од другата страна дисциплината не ни бара одредена цел кон која треба да целиме и тогаш кога ќе постигнеме успех не прави погорди и изненадени.Кажи ни нешто за новиот клуб?

-Оваа година ми е прва година во FIS што е голем чекор и промена од детско во возрасно скијање. Мојата посветеност е максимална во текот на цела година од физички подготовки, исхрана, скијање и рекуперација и се надевам за најдоброто оваа сезона. Веќе скијањето за мене е почнато од јуни на Италјанските Алпи каде што сум повеќе насочена на брзите дисциплини. На Балканот нема услови за тренирање на спуст и супер велеслалом, немаме ниту тренери кои се насочени кон тие дисциплини.

Со Весна Дунимагловска

Како се организираш со тренинзи и обврските на училиште?

-Балансот помеѓу училиштето и спортот е исто битен. Јас учам во САБА и балансот не ми е проблем, професорите максимслно ме поддржуваат и се среќни што можат да ми помогнат во процесот на издигнување.Твоја најголема подршка?

Мојата најголема поддршка што секогаш максимално верува во мене е моето семејство. Ни еден успех не може да го замени тоа што се присутни мојот татко, мајка и брат. Ретко е да си благословен со такво семејство. Тие се она што ми ги полни батериите колку и да сум разочарана и без да зборуваат знам што мислат, и на илјадници километри оддалеченост нивната верба во мене е најсилната моќ што ја осеќам пред секоја трка.Како ја гледаш твојата кариера понатаму?

-Оваа сезона ми е исполнета со многу цели кои сакам да ги достигнам и правам сѐ за тие да станат реалност. Ќе настапам во сите четири дисциплини каде што очекувам најдобри резултати во велеслалом и супер велеслалом. Првите трки се планирани во ноември каде што ќе можам да оформам по нив некои поконкретни цели.

Текст и фото: Дамијана Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »
More from СпортMore posts in Спорт »