Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: битолчанец нападнат од женско лице, лице од Грнчари нападнато во угостителски објект, физичка пресметка

На 09.07.2023 во 00.40 часот во Полициската станица Битола, В.Ј. (29) од Битола пријавил дека на 08.07.2023 во 23.15 часот во Битола бил физички нападнат од едно женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 09.07.2023 во 11.21 часот во Полициска станица Битола, Ј.Ј. (45) од с.Грнчари, ресенско, пријавил дека околу 03.00 часот во угостителски објект во Битола, поради недоразбирање, бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот

На 08.07.2023 во 16.00 часот во Полициска станица Битола е пријавено дека околу 11.40 часот во Битола е нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу  две лица на возраст од 60 и 42 години двајцата од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

More from ВестиMore posts in Вести »