Press "Enter" to skip to content

Романот “Ако се родат некакви чувства“ на Блаже Миневски промовиран во Битола (фотогалерија)

Денес во Офицерски дом во Битола беше промоцијата на романот “Ако се родат некакви чувства“ на авторот Блаже Миневски, во издание на издавачката куќа на Раде Силјан, а го  промовираше македонската поетеса и научен истражувач во областа на литературата и педагогијата, Милица Радевска.На почетокот на промоцијата зборуваше Лили Бошевска, директор на КИЦ Битола која рече:-Романот на Блаже Миневски, кој го промовираме денес е роман за чуствата, кои побудуваат чувства кај нас, за чуствата на идеологот на македонската револуција Гоце Делчев. Чувства кој што ги чуствувал тој самиот. Благодарни сме што авторот Блаже Миневски одлучи да пишува за Делчев, за кој може многу да се истражува и пишува. Ние сакаме да ги дознаеме сите поединости за животот на Делчев, како човек и човек кој што сакал некого, кој што ја љубел татковината, човек кој што ја љубел Јанка.Промоторот на романот, научниот истражувач, Милица Радевска на промоцијата на романот на Миневски рече:-Ова е роман за чувствителноста на литературата и прагматизмот на историјата. „Се чувме и дознавме што ни раскажуваа татковците наши… за да знае идниот род, децата што ќе се родат, та и тие во свое време да им раскажуваат на своите деца… (“Книга псалми“, стог 77).“  Во овој роман на Блаже Миневски се остваруваат три цели, актично читање, историја, естетика, едното се надоградува кон другото, а заедно води кон себеспонзнавање. Авторот исто како и големиот романтичар Бајрон, ја избрал формата на фељтонот за да ни ја предочи историјата на љубовта помеѓу Гоце и Јанка. За овој роман Миневски ја доби Рациновата награда. Од друга страна, истражувајќи ја биографијата на Миневски открив дека за него фељтонот не е нешто ново и непознато, тој веќе објавил неколку фељтони, а тука е и ексклузивниот фељтон во пет продолженија посветен на балканскиот лингвистички Моцарт, Мисирков, по повод сто годишнината од објавување на делото “За Македонцките работи“. Додека го читата романот пред вас се поставуваат клучните прашања, мотивот, инспирацијата, стилот, јазикот, ликовите, композицијата…-Миневски сакал само да покаже на некои клучни моменти, кои кај нас ќе поттикнат желба да го доразбереме животниот пат на Делчев и љубовта на Гоце и Јанка. Авторот го поставува клучното прашање, зошто Гоце татковината што ја милува и несудената мајка на неговите неродени деца во која е смртно вљубен му ги доверува на својот најголем другар, Михаил Герџиков, кој е по пет години по смртта на Гоце ќе се ожени со неговата свршеница Јанка. А, аманетот на Гоце е: ако се родат некакви чувства бидете благословени.Авторот Блаже Миневски за романот кој се промовираше рече:-Ова е посебно чувство за мене, бидејќи во 1902 година Гоце бил во Битола, веројатно минувал тука, кога Офицерски дом не бил почнат да се гради, под ова небо, а ние сега да денес промовираме роман за него, во чест на 120 години од неговата смрт. Сакам да му се заблагодарам на Раде Сулјан кој ја објави оваа книга, бидејќи не е лесно да се објави за најпознатиот, најљубениот, најсаканиот човек на една нација, а при тоа да не навредиш никакви чувства на оние кои мислат дека многу знаат за него, ниту на оние кои што ништо не знаат за него. Се обидов преку овој роман да ја раскажам токму онаа чувствена страна, емотивната страна на Делчев, а колку успеавме во тоа ќе кажат читателите, а за самиот роман додаде:-Романот почна од еден фељтон во “Нова Македонија“ но како роман почна да созрева, да се пишува дури кога случајно ја сретнав правнуката на Јанка и кога таа почна да ми праќа такви материјали од нејзината прабаба, коишто до тогаш ги немав видено, ниту пак можев да претпоставам дека постојат. Таму беше дневникот на Магда, на ќерката на Јанка со Михаил Хаџиков, таму беа фотографии, разни преписки на Гоце Делчев со Јанка, спомени за нејзината мајка и уште еден куп материјали коишто на некој начин јас ги користев како основа за создавање на овој роман. Романот има слобода да ја создава востината за себе, што е факт дека секој роман има своја вистина, но факт е и тоа што овој роман има многу материјали кои се автентични, историски потврдени, па затоа овој роман е како “зборник“. Овој роман е и за стравовите на Јанка, кои ги чуствувала како девојка на Гоце, кога секој ден во софиските весници излегувале написи дека Гоце е убиен, а таа постојано го демантирала, а еден таков демант го добив како документ од архивот во Софија. Драган Мијалковски на присутните им ја испеа песната “Кукни кукавице“ која песна била омилена Гоце Делчев, а за тоа Миневски рече:-Мијалковски по втор пат е со нас, и затоа му благодарам на Драган Мијалковски. Многу е потресно тоа што тој го пее во таа песна, а таа песна кога тој ја пее треба да замислите дека ја пее Гоце Делчев, секогаш кога имал време и имало простор каде можел да се одмори. Јас и Драган успеавме да ја склопиме, да је реконтруираме, се потрудивме да најдеме аудио запис, а тој за неколку вечери успеа да ја врати во живот, а сите имавме прилика да слушнеме како звучи. Зошто никој во исминатите 130 години не го направил тоа останува да истражиме.Драган Мијалковски на промоцијата откако ја испеа песната рече:-Ова е песна стара 130 години по моја слободна процена. “Кукни кукавице“ омилена песна на Гоце. Гоце бил интелектуалец, борец, стратег, а тие луѓе обично на широк план планираат, а ова не било само некоја песна.

Текст и фото: Сашо Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »
More from КултураMore posts in Култура »