Press "Enter" to skip to content

Евакуација на 18 притворени лица, се утврдуваат можните причинители за пожарот во затворот во Битола

На 11 јули 2023 во 19.23 часот во СВР Битола е пријавено дека околу 19.20 часот настанал пожар во една од ќелиите во Казнено-поправната установа Затвор Битола. Осудените лица се евакуирани, а со интервенција на Територијалната противпожарна единица Битола пожарот е изгаснат. Повредени лица нема, а увид извршила увидна екипа на СВР Битола. Известен е Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, се вели во соопштението на МВР.

Управата за извршување на санкциите, почна постапка за утврдување на можните причинители за пожарот во битолскиот Затвор, а надлежните истражни органи дополнително ќе ги утврдуваат можните причинители за пожарот.

Синоќешниот пожар беше единствената причина, сите притворени лица согласно наредбите на надлежните судови да бидат преместени во други притворски одделенија во КПУ Затвор Скопје и во КПУ Затвор Охрид, со полициска асистенција.

-Вчера околу 19 часот и 20 минути во КПУ Затвор Битола избил пожар во притворското одделение. Службените лица од КПУ Затвор Битола најпрво со ПП апарати пробале самите да го изгасат пожарот, но бидејќи не успеале веднаш почнале со евакуација на 18 притворени лица кон шеталиштето за притворени и повикале надворешно обезбедување-СВР Битола, пожарна и брза помош. Пожарот бил за кратко време локализиран. Дел од вработените лица биле упатени на превентивни прегледи во Клиничката болница во Битола, при што за среќа нема повредени притворени и вработени лица од установата. Сите притворени лица согласно наредбите на надлежните судови биле преместени во други притворски одделенија во КПУ Затвор Скопје и во КПУ Затвор Охрид, со полициска асистенција, соопштија од Управата за извршување на санкциите.

Битолските пожарникари веднаш интервенирале на терен и пожарот бил брзо изгаснат.