Press "Enter" to skip to content

Посета на амбасадорот на Полска, Кшиштоф Гжелчик, во државното музичко училиште во Битола

Амбасадорот на Полска, Кшиштоф Гжелчик, престојуваше во Битола, при што го посети Државното музичко училиште и разговараше со директорот на училиштето, Кирил Стојчевски. Разговорот се однесуваше на продолжување на долгогодишната соработка меѓу Училиштето и Амбасадата и плановите за идни проекти.

Како дел од досегашната соработка, со ангажираност на Малгожата Мачковска од полската заедница во Битола, секоја година се организира Шопенова вечер на која млади уметници од Музичкото училиште ги изведуваат делата на Фридерик Шопен. Годинашното 30. издание на Шопеновата вечер ќе се одржи на 7 ноември во Офицерскиот дом во Битола.

Во рамки на посетата, амбасадорот оствари средба и со претставници на полската заедница кои живеат во Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »