Press "Enter" to skip to content

Претрес во Битола, пронајдени дрога и муниција, приведени две лица

На 11.07.2023 полициски службеници од криминалистичката полиција во содејство со полициската станица од општа надлежност Битола  лишиле од слобода две лица од Битола.

Имено, при претрес извршен со наредба од Основен суд Битола во дом и помошни простории кај првото лице од Битола, биле пронајдени и одземени амфетамин, три дигитални ваги со остатоци од дрога, рамка од пиштол наполнет со 8 куршуми, 79 куршуми од непознат калибар, 35 маневарски куршуми, грутчеста материја, пакет со распрскувачки капси за сигнален пиштол.

Малку подоцна, приведена е 34 битолчанка бидејќи по преземени мерки и активности е утврдено дека е поврзана со пронајдената дрога при претресот.

Лицата се приведени во полициска станица Битола и по документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени пријави по член 396 и по член 215 од Кривичниот законик. 

More from ВестиMore posts in Вести »