Денес суперлигашот Прилеп го промовира новиот тренер кој ќе ја води екипатаво наредната сезона, а тоа е Божидар Мојсов, доскорешен член на стручниот штаб во Еурофарм Пелистер од Битола.
Мојсов во Битола беше помошник тренер, а исто така и преодно решение по заминувањето на Валтер, како и во други периоди. Мојсов беше дел и од Еурофарм Работник, има искуство и во СЕХА и Лигата на Европа, а работеше со Чирковиќ, Бабиќ и Валтер.
-Р.К Прилеп му посакува топло добредојде на новиот тренер на клубот, Божидар Мојсов, поранешен помошен тренер на актуелниот шампион Еурофарм Пелистер. Му посакуваме успешна работа и нови победи со нашиот тим! напишаа прилепчани на својата официјална веб страница, и со тоа ја официјализира соработката со битолскиот тренер.