Денес во центарот за култура и образование при муфтиство Битола, се отвори изложбата “Исхак Челеби џанија и Хајдар Кади џамија – верско историски објекти во Битола.Носител на проектот е Агим Џело, снимател и фотограф од Битола, кој на отворањето на изложбата рече:
-Битола е горда дека има голем број верски објекти, воедно и историски објекти кој даваат посебна карактеристика на градот, кој го прави единствен во поглед на тоа. Верувам дека ова нема да е прв проект од ваков вид дека и во иднина ќе поработиме на проекти од сличен карактер. Изразувам голема благодарност до целата екипа која беше вклучена во реализацијата на оваа изложба, благодарност до муфтиство Битола, кој ни дадоа одврзани раце да работиме во објектите и ни го отстапија центарот да се постави изложата и голема и неизмерна благодарност до министерство за култура кој ја поддржаа финансиски изложбата и без нивна помош немаше да се реализира.
Битолскиот муфтија Амит Расими на отворањето истакна дека од самиот почеток го ставија целиот потенцијал на располагање за да се реализира изложбата која е прва од ваков вид во нашиот град и затоа ја понудија цела помош која беше потребна за реализацијата. Во обраќањето Расими изрази благодарност до носителот на проектот Агим Џело, за идеата да се реализира изложбата, која воедно е промоција на овие два доста значајни објекти кој се под муфтиство Битола.
Изложбата во центарот за култура и образование ќе биде поставена до недела до 16 јули.

Отворена изложбата “Исхак Челеби џамија и Хајдар Кади џамија – верско историски објекти во Битола“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола претрес во Битола, пронајдено половина килограм марихуана
- Денес боево гаѓање кај Билбил камен, забрането движење
- Во Битола сончево до умерена облачност
- Еурофарм Пелистер немоќен против Алборн, со пораз во Данска се враќа во Битола
- Вечерва полициска акција во Битола, претреси, пронајдена дрога, приведувања…
More from КултураMore posts in Култура »
- Прв настан во “Дневната соба“ во библиотеката, работилница за слем поезија
- Концертот на Камерниот оркестар од Битола “MTV 80s & 90s: The Greatest Hits“ времеплов и воодушевување за музичката публика (видео + мега фотогалерија)
- Со концерт на Крсте Роџевски Центарот за култура Битола ја започна новата сезона
- Отворена изложбата “Македонски и канадски графичари 7х7“ во Офицерски – Битола (фотогалерија)
- “Дневна соба на градот“ нов мултинаменски простор во библиотеката (фотогалерија)