Денес во центарот за култура и образование при муфтиство Битола, се отвори изложбата “Исхак Челеби џанија и Хајдар Кади џамија – верско историски објекти во Битола.Носител на проектот е Агим Џело, снимател и фотограф од Битола, кој на отворањето на изложбата рече:-Битола е горда дека има голем број верски објекти, воедно и историски објекти кој даваат посебна карактеристика на градот, кој го прави единствен во поглед на тоа. Верувам дека ова нема да е прв проект од ваков вид дека и во иднина ќе поработиме на проекти од сличен карактер. Изразувам голема благодарност до целата екипа која беше вклучена во реализацијата на оваа изложба, благодарност до муфтиство Битола, кој ни дадоа одврзани раце да работиме во објектите и ни го отстапија центарот да се постави изложата и голема и неизмерна благодарност до министерство за култура кој ја поддржаа финансиски изложбата и без нивна помош немаше да се реализира.Битолскиот муфтија Амит Расими на отворањето истакна дека од самиот почеток го ставија целиот потенцијал на располагање за да се реализира изложбата која е прва од ваков вид во нашиот град и затоа ја понудија цела помош која беше потребна за реализацијата. Во обраќањето Расими изрази благодарност до носителот на проектот Агим Џело, за идеата да се реализира изложбата, која воедно е промоција на овие два доста значајни објекти кој се под муфтиство Битола.Изложбата во центарот за култура и образование ќе биде поставена до недела до 16 јули.
Отворена изложбата “Исхак Челеби џамија и Хајдар Кади џамија – верско историски објекти во Битола“ (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)
More from КултураMore posts in Култура »
- Реобјавено од 3 ноември 2023 година: Во Битола премиера на претставата “Куфер.МК“ (фотогалерија)
- Премиера на монодрамата “КУФЕР.МК“ на Соња Михајлова во Народен театар Битола (фото)
- Битолскиот театар се подготвува за одбележување на јубилејот 80. години постоење
- Трета награда за КУД “Стив Наумов“ Битола на интернационалниот хорски фестивал во Херцег Нови
- Екипата на Битолски театар на прием во Македонската амбасада во Полска