Press "Enter" to skip to content

Ординација “Д-р Чипуровски“: хроничен пиелонефритис или рефлуксна нефропатија

Со д-р Васил Чипуровски информираме за болестите кои се откриват со најсовремени апарати во медицината за прегледи на внатрешните органи, кои ги поседува. Низ овие разговори  добиваме и стручни медицински информации за многу интернистички заболувања и нивно откривање и понатамошно третирање. За истите  постои голема заинтересираност. Овој пат д-р Васил Чипуровски зборува за хроничен пиелонефритис или рефлуксна нефропатија, за што вели:

-Карцином на простата е втор по смртност карцином кај машка популација над 60 годишна возраст. Растот на туморот го забрзуваат андрогените, а го инхибираат естрогените хормони,  зголемениот внес на мрсна храна од животинско потекло влијае врз неговата појава и побрз раст. Најчесто хистолошки тип  во 95% е аденокарцином, при преминувањето на карциномот вон капсулата води до зголемување на кисела фосфатаза во серумот на болниот додека при зголемување на алкалната фосфатаза карциномот веќе метастазирал во коските.Клинички почетно карциномот на простата е асимптоматски, потоа доаѓа до намален млаз на урина поради обструкција на уретра со развивање на бубрежна инсуфициенција, крв во урина појава на болка супрапубично, при ректално туше има нерамна по конзистенција зголемена простата безболна, болки во долен дел од  рбет при метастазирање на карциномот во коските.

При дијагностицирање има улога ДРП, лабораториски анемичен синдром и зголемен тумор маркер -PSA, честите уринарни секундарни инфекции, ехо преглед е значаен со тенкоиглена биопсија на простата, ретко со МРИ или КТ на простата.

Лекувањето е во зависност од стадиумот на карциномот со хируршка ресекција во ран стадиум на локализираност на туморот или со радиотерапија и хемотерапија со антиандрогена хормонска терапија кај напредни стадиуми на болеста каде неможи да има хируршка интервенција