Press "Enter" to skip to content

При акциска контрола на СВР Битола во Битола малолетници во угостителски објекти после 24 часот и конзумирање алкохол

На 15.07.2023 година во времето од 00:00 до 04:00 час, од страна на криминалистичката полиција при СВР Битола постапено е по план за „Безбедно Лето 2023“ при што извршена е акциска контрола за присуство на малолетници во 7 угостителски објекти за точење алкохол на малолетни лица при што  легитимирани биле 50 лица и констатирано било присуство на 6 малолетници и 2 точења на алкохол на малолетни лица.

При контролата ,во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција на   СВР Битола од населба Карпош во Битола, лишиле од слобода 38 годишно лице од Битола. При преглед од истиот одземена е марихуана.

По документирање на настаните ќе следуваат соодветни пријави.

More from ВестиMore posts in Вести »