Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: 16 санкционирани возачи на мотоцикли, физички напад, приведување за пронајдена марохуана, каснување од куче скитник

Во текот на денешниот ден, 15 јули, на подрачје на  Битола во времето од 11 до 15 часот беше спроведена акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 16 возачи. Од нив, 12 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 3 возеле без возачка дозвола, 1 моторцикл бил нерегистриран како и останати прекршоци.

На 14.07.2023 во 20.01 часот во СВР Битола, Ј.С. (35) од Битола пријавил дека на 11.07.2023 во 00.00 часот во Битола, поради нерасчистени меѓусебни односи, бил физички нападнат од лице од од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 15.07.2023 во 00.40 часот на ул.„Карпош“ во Битола, полициски службеници од СВР Битола – Одделение за недозволена трговија со дрога и оружје лишиле од слобода 38 годишно лице од Битола затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 14.07.2023 во 14.45 часот во СВР Битола, М.С. (42) од Битола пријавила дека на ул. “Козјак“ во Битола нејзиниот малолетен син бил каснат од куче скитник.

More from ВестиMore posts in Вести »