Вчера во Битола за време на пладневната пауза засега непознат сторител (или сторители) се обидел да го вандализира Мечо при што е направена мала материјална штета, информираат од ЈП “Паркинзи“ Битола.
Настанот е пријавен во полицијата чии припадници направија увид на лице место и очекуваме сторителот или сторителите да бидат пронајдени и соодветно санкционирани.
-Најостро го осудуваме девијантното однесување на поединци посебно во случај кога е насочено кон Мечо чија намена е да ги радува нашите најмлади граѓани а патем со тоа никому не пречи, велар од ЈП “Паркинзи“ Битола.
Возот Мечо продолжува со работа во утврдените термини.