-Битола е град кој е познат по тоа што голем број на битолчани се занимаат со боречки вештини. Ако порано беше боксот, сега покрај боксот битолчани се занимаваат и со други вештини, карате, џусо, кик – бокс… Токму во кик-бокс во Битола пред 10 години се одржа силен меѓународен турнир “Љупчо Неделковски“ на кој настапија квалитетни борци Балканот, а одлични борби имаа кик-боксерите од Битола, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Победници во кик-бокс на овој турнир беа двајцата битолски кик-боксери Александар Димовски – Димса и Александар Најдовски – Сканта кои имаа најинетересни и најквалитетни борби беа надмоќни во секој дел од борбите и заслужено на поени освоија трофеи. Во претходните борби настапија Дејан Дамевски и Бојан Крстевски исто така од Битола, а големиот пехар беше за Димитар Ѓеоргиев од Македонија, тогашен светски првак, вели Миновски.
Меѓународен турнир “Љупчо Неделковски“ се одржа во Битола, во спортската сала, тогаш, “Младст“, а како и секогаш кога има вакви настани во Битола, на трибините имаше околу 2.000 гласачи, кои ги поздравија победите на нашите кик-боксери.
Турнирот беше во организација на кик-бокс федерацијата на Македонија, како технички организатор беше КБК Самурај од Битола, секако со помош на Општина Битола.

Деновиве пред 10 години: победи на Димовски и Најдовски на турнирот во Битола во кик-бокс (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- “Магнолија“ ја “запалија“, кортео по Широк Сокак, моќно навивање во сала… “Чкембари“ Битола го прославија 38. роденден (видео + мега фото галерија)
- Деновиве пред 10 години: Сојузот на спортови на Битола домаќин на трката “Низ Македонија“ (фото)
- ФК Јени Маале од Битола во свои, ново уредени, простории (фотогалерија)
- Фото вест: мурал посветен на Борисав Траиковски на ѕид на СОУ “Таки Даскало“ во Битола
- Деновиве пред 10 години: новоотворената фабрика “Кронберг и Шуберт“ за прв пат ги отвори вратите за децата (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Лена Акерлунд претседател на фондацијата “Stiftelsen Brodet“ (Фондација на лебот) со нова донација во Битола (фотогалерија)
- Бектеши во посета на млечната индустрија: Бимилк е една од општествено одговорните компании која ги намали цените и пред одлуката на Владата
- Кафе средба на премиерот Ковачевски со партиските другари во Битола (фото)
- Градоначалникот Коњановски и жителите на повеќе населени места за патот Битола – Меџитлија, побарано зголеменото присуство на полицијата
- Работилница на Жан-Мари Дружу: многу од сцените во „Нотр дам гори“ се снимени во студио