Press "Enter" to skip to content

Ноќеска 26 санкционирани возачи на мотоцикли во Битола

Ноќеска во Битола, во времето од 21 до 02 часот беше спроведена акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 26 возачи.

Од нив, 13 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 9 возеле без возачка дозвола, 1 моторцикл бил нерегистриран како и останати прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
More from ВестиMore posts in Вести »