Press "Enter" to skip to content

Полицијата “фати“ 32 пијани возачи, еден со 2,1 промил, легитимирани 65 лица, 14 малолетници во локали, 3 пијани…

Во текот на изминатата вечер  (15/16.07.2023)во периодот од полноќ до 5 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата  санкционирани се 32 возачи од кои (22 вo Битола, 5 во Прилеп,4 во Ресен, 1 Македонски Брод). За време на контролата биле санкционирани и 12 други видови прекршоци.

На 16.07.2023 во времето од полноќ  до 4 часот, криминалистичката полиција на СВР Битола спроведе акциска контрола за присуство на малолетници во угостителски објекти и точење алкохол на малолетни лица во 14 угостителски објекти во Битола, обиколки низ Градски парк, на паркингот позади Градска библиотека, училишни дворови, при што легитимирани биле 65 лица, во дворот на ОУ “Гоце Делчев“ во Битола затекнати се три малолетници под дејство алкохол при што истите се предадени на родителите. Во колонијална продавница лоцирана на ул. “Широк Сокак“ во Битола, од страна на сопственичката на продавницата, малолетник бил послужени со алкохол. 

More from ВестиMore posts in Вести »