-Битола е град кој е познат по тоа што голем број на битолчани се занимаат со боречки вештини. Ако порано беше боксот, сега покрај боксот битолчани се занимаваат и со други вештини, карате, џусо, кик – бокс… Токму во кик-бокс во Битола пред 10 години се одржа силен меѓународен турнир “Љупчо Неделковски“ на кој настапија квалитетни борци Балканот, а одлични борби имаа кик-боксерите од Битола, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
Победници во кик-бокс на овој турнир беа двајцата битолски кик-боксери Александар Димовски – Димса и Александар Најдовски – Сканта кои имаа најинетересни и најквалитетни борби беа надмоќни во секој дел од борбите и заслужено на поени освоија трофеи. Во претходните борби настапија Дејан Дамевски и Бојан Крстевски исто така од Битола, а големиот пехар беше за Димитар Ѓеоргиев од Македонија, тогашен светски првак, вели Миновски.
Меѓународен турнир “Љупчо Неделковски“ се одржа во Битола, во спортската сала, тогаш, “Младст“, а како и секогаш кога има вакви настани во Битола, на трибините имаше околу 2.000 гласачи, кои ги поздравија победите на нашите кик-боксери.
Турнирот беше во организација на кик-бокс федерацијата на Македонија, како технички организатор беше КБК Самурај од Битола, секако со помош на Општина Битола.

Деновиве пред 10 години: победи на Димовски и Најдовски на турнирот во Битола во кик-бокс (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: Битола во мај 2015 година изгуби дбе урбани легенди, Такецо и Сотир Главинче
- СВР Битола: одземено возило “опел корса“ на Булеварот, со “пежо“ излетале од патот поврден сопатник, пронајдена стара граната
- Отворена “Спомен куќата на Гоце Делчев“ во Битола и одбележани 122 години од неговата смрт (фотогалерија)
- Деновиве пред 10 години: средношколиците на протестен марш во Битола (фото)
- Деновиве пред 10 години: градско-селски Велигден во Јенимаале во Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Деновиве пред 10 години: Битола во мај 2015 година изгуби дбе урбани легенди, Такецо и Сотир Главинче
- СВР Битола: две пријави за физички напади
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 20 степени
- КК Пелистер по завршената сезона: лекцијата е научена, следната сезона ќе биде сезона на КК Пелистер, клубот е поставен на здрави темели
- Билтен на МВР: 72 годишник крадел засилувачи за интернет на А1, полицијата го уапси