Press "Enter" to skip to content

Од денес забрана за движења низ шумите и националните заштитени подрачја

Владата, на предлог на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ги задолжи корисниците, односно стопанисувачите со државни шуми, согласно Законот за шумите, да прогласат забрана за движење во шумите, по добиена претходна согласност од надлежното министерство, што ќе се операционализира од утре, 17 јули 2023 година (понеделник).
 
Забраната важи и за движења во националните заштитени подрачја Јасен, Маврово, Попова Шапка и Пелистер. На подрачјето на Водно каде нема забрана за движење, се предвидени редовни контроли.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, како што извести Министерството за здравство, портокаловата фаза во којашто се наоѓа државата продолжува од утре, 17 јули 2023 година (понеделник) и се очекува да трае во следните 10-тина дена.

Сите региони во државата: скопскиот, осоговско-малешевскиот, пелагонискиот и охридско-преспанскиот ќе бидат во портокалова фаза.

Поради тоа, од утре продолжуваат да важат препораките за намалување на ризиците од високите температури, согласно Акцискиот план на Министерството за здравство за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението.

 

More from ВестиMore posts in Вести »